Курсеви

Стекнете вистински комуникациски вештини

Комуникативен Пристап

Овој пристап им овозможува на слушателите да го користат ࠣјазикот во реален контекст и да се вклучат во вистинска комуникација.

Индивидуални Часови

Пристапот 1 на 1 овозможува индивидуален пристап и повеќе време за зборување кое е клучно за стекнување комуникациски вештини.

Општ Англиски

Целта на курсот е развој на комуникациски вештини и се фокусира на вештините
слушање и зборување. Користи автентични ситуации во кои слушателите се вклучуваат во вистинска
комуникација и го користат ࠣјазикот во реален контекст. Пристапот ࠣја нагласува
важноста на учење вокабулар пред учењето на граматички структури.

Слушањето е од витално значење за стекнување ࠣазични вештини и затоа програмата
вклучува аудио конверзации од секојдневни ситуации како модел на секој час.
ниво: A2-C1

Бизнис Англиски

Исто како и курсот за општ англиски целта на овој курс е развој на комуникациски вештини но овојпат во бизнис контекст. Фокусот е ист – вештините за слушање и зборување.

Курсот ќе ви помогне да комуницирате ефективно во деловен контекст. Ќе го проширите вашиот вокабулар и ќе ࠣја подобрите способноста да комуницирате на работното место.

Како модел на секој час програмата вклучува аудио конверзации од деловни ситуации како преговарање, нарачки, состаноци и решавање проблеми. Курсот ќе ви помогне да развиете комуникациски вештини на англиски ࠣјазик кои се корисни во канцеларија или било која друга деловна средина.
ниво: B1-C2

ПОДГОТОВКА ЗА IELTS General и IELTS Academic

На курсот слушателите ќе се запознаат со должината и структурата на тестот и како истиот се спроведува. Исто така ќе се запознаат со видовите на прашања што можат да ги добијат во секој дел од тестот и начинот на кои што ќе бидат оценувани.

Дополнително, курсот ќе им помогне на слушателите да развијат соодветни стратегии и вештини кои ќе им помогнат да го поминат тестот што е можно поуспешно.

Програмата на курсот ги разработува детално сите четири делови од тестот: слушање, читање, пишување и зборување. Слушателите се запознаваат детално со секој дел и преку практични вежби кои се идентични на реалниот тест развиваат стратегии и вештини потребни за истите.

ПОДГОТОВКА ЗА IELTS General и IELTS Academic
WRITING

Многу кандидати кои го полагаат IELTS тестот сметаат дека WRITING делот е најголем предизвик за нив.

Во просек кандидатите добиваат најниска оценка во делот за пишување.
Причина за ова е што за овој дел се потребни не само добри ࠣјазични вештини туку и способност ефективно да се организираат и пренесат идеи и ставови.

IELTS Writing курсот ќе ви помогне со структурата и организацијата на задачите, како да генерирате идеи и како да ги пренесете успешно.

Персонализиран Курс

Побарајте план прилагоден на вашите потреби според вашата професија и вашите цели.